Шампионите од 2018, Вашингтон Капиталс, ја завршија својата тековна НХЛ сезона уште во осмина-финалето. Имено, екипата што беше подобра е Њујорк Ајландерс којашто ја доби серијата со 4-1.
На последниот меч, резултатот изнесуваше 0-4 во корист на тимот од Њујорк. Ентони Бовилие, со по еден гол во првата и во втората третина, ја најави победата на Ајландерс. Конечниот резултат беше поставен во завршните минути од третиот период, кога, на празен гол, по еднаш погодија Ник Леди и Џош Бејли.
Во четврт-финалето, Ајландерс најверојатно ќе го чекаат победникот од Филаделфија Флаерс и Монтреал Канадиенс.



