Сан Диего Падрес влезе во историјата на МЛБ станувајќи првиот тим што некогаш постигнал ,,грен-слем” хоум-ран на четири последователни натпревари.
,,Грен-слем” е хоум-ран вреден четири поени односно префрлање на топката надвор од теренот додека се зафатени сите три бази.
Четири пати ,,жртва” беше тимот на Тексас Ренџерс, кој ги загуби сите четири натпревари. За Сан Диего, ова беше одличен начин за враќање во колосек по петте врзани порази.
По еден ,,грен-слем” хоум-ран постигнаа Фернандо Татис Џуниор, Вил Мајерс, Мани Машадо и Ерик Хосмер.



