Синоќа, екипата на Тампа Беј Рејс го забележа единаесеттиот триумф во последните дванаесет натпревари, откако го совлада тимот на Њујорк Јенкис со 5-10. За ,,Ражите”, ова беше трета последователна победа над синоќешниот ривал што ги искачи на првото место во Источната дивизија на Американската лига со учинок од 17-9.
Претставниците на Флорида ги постигнаа своите поени во петтиот, шестиот и деветтиот ининг, притоа забележувајќи два хоум-рани што беа дело на Мајк Зунино и на Јанди Диаз.
Ист број на хоум-рани постигнаа и Јенкис преку Лук Воит и Џио Уршела.



