Екипите на Анахајм Дакс и Ст. Луис Блуз последен пат се соочија на 12 февруари. Тој натпревар беше прекинат во првата третина, при резултат од 1-1, поради несреќниот случај во кој Веј Баумистер, играчот на Ст. Луис, доби срцев удар. Повеќе за оваа ситуација можете да прочитате на следниот линк: https://javisejuzna.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bd%d1%85%d0%bb-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%bd/
Натпреварот беше продолжен дури денес, но со поинаков почеток. Имено, двете екипи одиграа регуларен натпревар од шеесет минути, но наместо 0-0, почетниот резултат изнесуваше 1-1. До крајот беа постигнати уште четири голови, а Ст. Луис запиша вкупна победа од 2-4. Стрелци за Анахајм беа Адам Енрик (од претходниот натпревар) и Јани Хаканпаа, додека за Ст. Луис погодија Иван Барбашев (од претходниот натпревар), Алекс Пиетранџело (х2) и Закари Сенфорд.
Двете екипи се наоѓаат во променлива форма кога се резултатите во прашање, но на табелата на Западната конференција, Ст. Луис сè уште е на врвот, додека Анахајм е на тринаесеттото место.