Анахајм Дакс и Ст. Луис Блуз требаше да го одиграат последниот дуел од синоќешната НХЛ програма. Натпреварот почна солидно, со по еден погодок и на двете страни, но кон средината на првата третина, истиот беше прекинат, а подоцна и одложен. Причината за оваа постапка на судиите беше срцевиот удар кој го доби Џеј Баумистер, 36-годишниот Канаѓанец од редовите на Ст. Луис Блуз.
„Откако останаа 7:50 минути игра во првиот дел од нашиот вечерашен натпревар, Џеј Баумистер доживеа срцев удар и колабрираше на нашата клупа откако излезе од игра. Благодарение на брзата реакција на нашиот медицински тим, медицинскиот тим на Анахајм и на нивните физиотерапевти, состојбата на Џеј успеа да се стабилизира. Тој беше под надзор и ги мрдаше сите свои екстремитети откако беше пренесен во медицинскиот центар „УЦ Ирвин“. Моментално, Џеј е во свесна состојба и е под надзор додека да помине дополнителни тестирања од физиотерапевтите на Анахајм. Ќе ги ажурираме податоците во врска со понатамошната состојба на Џеј во среда наутро (по американско време).“ – изјави, Даг Армстронг, генералниот менаџер на Ст. Луис Блуз.
Според првичните информации објавени на Твитер профилот на Анахајм Дакс, натпреварот ќе биде одложен, а датата сè уште не е позната.