Синоќа, во Њу Јорк, во рамките на првиот натпревар од четврт-финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони се соочија Њу Јорк Сити и Тигрес. Натпреварот имаше релативно слаб интензитет сè до последните минути. Во тој момент, на сцена стапи напаѓачот на Тигрес – Едуардо Варгас. Поранешниот играч на Наполи со прстите му возврати на Шон Џонсон, голманот на Њу Јорк, кој претходно се обиде да го касне. Сепак, на крајот, Варгас успеа да се одмазди на најдобар можен начин – со постигнување на победоносен погодок во последните секунди од натпреварот. На крај, Тигрес славеше со 0-1, а реваншот во Мексико ќе биде одигран за шест дена.



