Десеттото коло од англиската Национална лига го донесе еден од најнезаборавните моменти во нејзината историја.
Во едно од дербијата на колото, домаќинот Халифакс со пресврт славеше над Нотс Каунти со 3-2.
Гостите од Нотингем стекнаа предност од 0-2 преку Рубен Родригеш (30′) и преку Алекс Лејси (57′).
Само три минути после вториот гол на Нотс Каунти, Халифакс остана со играч помалку, откако црвен картон доби Томас Бредбери.
Сепак, во период од седум минути, Џордан Слу (79′) и Били Вотерс (86′) успеаја двапати да ја затресат мрежата на Ентони Патерсон и да израмнат на 2-2.
Целосниот мега-пресврт на Халифакс соиграч помалку беше комплетиран од страна на резервистот од клупата, Метју Ворбартон, кој стрелаше дури во десеттата минута од судиското продолжение.
Со новите три бодови, Халифакс изби на третото место на табелата, додека Нотс Каунти падна на десеттата позиција.