
Њујорк Јенкис ја завршија својата МЛБ сезона, откако во вајлд-кард рундата во плејофот беа елиминирани од најголемите ривали, Бостон Ред Сокс, со 6-2.
После три ининзи, Ред Сокс имаа предност од 3-0 со хоум-раните на Ксавиер Богартс и на Кајл Шварбер и со освоените четири бази на Рафаел Деверс.
Одличниот старт на домаќините, со своето излегување од игра го плати фрлачот на Јенкис – Герит Кол.
Во шестиот ининг, хоум-ранот на Ентони Рицо ги врати Јенкис во игра, намалувајќи на 3-1.
Сепак, само после една и пол деветтина, домаќините од Бостон повторно го зголемија своето водство, благодарение на трчањата на Богартс, на Шварбер и на Енрике Хернандез.
Во последниот период, Џанкарло Стентон го забележа и третиот хоум-ран на мечот за тимот од Њујорк и го постави конечниот резултат.
Во конференциското полуфинале на Американската лига, Ред Сокс ќе ги одмерат силите со актуелните вицешампиони – Тампа Беј Рејс.



