
За првпат после пет години, Порт Аделаид Пауер дојдоа до домашен триумф над Бризбејн Лионс.
Имено, во првото коло од новата АФЛ сезона, претставниците на Јужна Австралија ги совладаа ,,Лавовите” со (18.18) 126-72 (11.6).
После првото полувреме, гостите водеа со 39-51, но домаќините покажаа убедлива игра во третата и во четвртата четвртина со серијата од 87-21, која им донесе победа.
Од домашните редови, најистакнати во офанзивата беа Тод Маршал (4.1), Чарли Диксон (3.3), Џуниор Риоли (3.0) и Леки Џонс (3.0).
На спротивната страна, по два гола имаа Џек Ганстон (2.0) и Зек Бејли (2.0).
Во досегашниот дел од првото коло, освен Порт Аделаид, триумф остварија Колингвуд Мегпајс и Норт Мелбурн Кенгарус.