
Кембриџ Јунајтед го запиша третиот овосезонски триумф, откако во шестото коло од Лиг 1 славеше над Бартон Албион со 4-3.
После само единаесет секунди, со најбрзиот гол во клупската историја, Бартон поведе со 0-1 преку Гасан Ахадме.
Сепак, поради непознати причини, ,,Пиварите” останаа со десетмина на теренот во десеттата минута, кога директен црвен картон доби Џони Смит.
Во продолжение, Кембриџ израмни преку Сем Смит (34′), а Џон Брејфорд (41′) им донесе нова предност на гостите пред паузата.
Само осум минути по рестартот, со вториот гол на мечот, Смит (53′) донесе ново израмнување за домаќините.
За краток период, Ахадме (67′) стрелаше уште еднаш за трето водство на ,,Жолтите”, а Смит (69′) израмни по третпат, комплетирајќи го и својот хет-трик.
До крајот, Кембриџ успеа да се справи со незгодниот ривал, благодарение на резервистот од клупата, Лиам О’Нил (79′), кој реализираше само тринаесет минути откако влезе во игра.
На табелата, Бартон остана на последното место, а Кембриџ Јунајтед скокна на седмата позиција.




