
Хал Сити го порази Ковентри со конечни 3-2 во шестото коло од англискиот Чемпионшип.
Херој за ,,Тигрите” беше новото засилување од Викторија Гимараеш, Оскар Еступињан (11′, 42′, 56′), кој беше стрелец на сите три погодоци.
Со првиот хет-трик на англиско тло, Колумбиецот дојде до седмиот овосезонски гол за убедливо прво место на листата на стрелците.
Од друга страна, за гостите двапати погоди искусниот напаѓач Метју Годен (п. 29′, 69′), кој има три гола на последните две средби.
На табелата, Ковентри се наоѓа на последното место, додека Хал скокна на третата позиција.




