После пет кола, екипата на Стивениџ изненадувачки се наоѓаше на врвот на табелата на Лиг 2.
Сепак, во шестото коло, популарните ,,Бороу” загубија од Салфорд со минимални 1-0.
Иако натпреварот делуваше израмнето, сепак домаќините ја имаа контролата во свој посед и накрај стигнаа до значајни три бода.
Имено, херој за ,,Емис” беше фудбалерот за врска, Рајан Вотсон (90′), кој упати ,,проектил” кон голот на Теј Ашби-Хемонд во последната минута од регуларниот дел.
На табелата, Салфорд скокна на четвртото место, спуштајќи го Стивениџ на петтата позиција поради послабата гол-разлика.