
Првото гостување во историјата на Сиетл Кракен во ,,Медисон Сквер Гарден” помина на неславен начин за клубот од северозападниот дел на САД.
Синоќа, новајлиите во НХЛ заминаа од ,,Големото јаболко” со пораз од 3-2 од страна на Њујорк Ренџерс.
После 25 минути игра, домаќините стекнаа водство од 2-0 преку Мика Зибанеџад и преку Алексис Лафрение, но истото беше анулирано до третата третина.
Стрелци за Кракен беа Џеред МекКен во вториот и Јани Гурд во третиот период.
Само 34 секунди по израмнувачкиот гол, односно на половина минута пред крајот, К’Андре Милер го совлада Филип Грубауер по третпат на мечот за конечен триумф на ,,Ренџерите”.
Со новите два поени, Ренџерс избија на четвртото место на Истокот, додека Сиетл остана на претпоследната позиција во Западната конференција.




