
Во европскиот термин од неделната НБА програма, Атланта Хокс ја запишаа шестата последователна победа.
Последна ,,жртва” на претставниците на Џорџија беа ЛА Лејкерс, кои загубија со 129-121.
После изедначеното прво полувреме, Лејкерс дојдоа до +10 на крајот на третата четвртина, но Хокс го добија последниот квартал со 38-20 и остварија триумф.
Од победничкиот состав, дабл-дабл запишаа двајца кошаркари: Тре Јанг (36 поени и 12 асистенции) и Џон Колинс (20 поени и 11 скокови).
Кај Лејкерс, две двоцифрени статистики имаа Малик Монк (33 кошеви и 10 скокови) и Расел Вестбрук (20 кошеви и 12 асистенции), а уште 27 поени додаде Ентони Дејвис.
Во Западната конференција, Лејкерс (24-27) се наоѓаат на деветтото место, додека Атланта (24-25) дојде до десеттата позиција на Истокот.




