Новата НХЛ сезона започна со глобалната серија во Прага (Чешка), каде што Нешвил Предаторс ги поразија Сан Хозе Шаркс со 3-1.
Првиот гол во новата сезона го постигна Кифер Шервуд после само една минута од дебито во дресот на Нешвил.
До крајот на првата третина, номиналните гости израмнија преку Томаш Хертл, кој е родум од Прага и претходно играше во ,,О2 Арената” носејќи го дресот на чешката Славија.
Во вториот период, ,,Предаторите” двапати ја затресоа мрежата на Џејмс Рајмер преку Еели Толванен и Нико Нидерајтер, а конечниот резултат го постави Мет Душен во последната минута.