Дербито, а воедно и увертирата на четиринаесеттото коло од англискиот Чемпионшип го одиграа КПР и Рединг.
На мечот, двете екипи пружија изедначена партија, а конечниот резултат гласеше 2-1 во корист на КПР.
Најпрво, од белата точка, прецизно биеше Енди Керол (30′), кој му донесе водство на Рединг со првиот погодок во сезоната.
Само три минути подоцна, по асистенција на Осман Какај, за КПР израмни Линдон Дајкс (33′), кој воедно го прослави својот дваесет и седми роденден.
Истиот играч предизвика делириум во Лондон во самата завршница, откако го комплетираше победничкиот пресврт за својот тим од пенал во осумдесет и третата минута.
Со новите три поени, КПР изби на делба на првото место со Шефилд Јунајтед и со Норвич, а Рединг падна на четвртата позиција.