Во првиот натпревар од овосезонскиот плејоф на МЛБ, Кливленд Гардијанс славеа над Тампа Беј Рејс со 2-1.
Овој меч траеше само два часа и седумнаесет минути со што стана најкраткиот плејоф дуел од 1999 наваму.
На натпреварот, сите поени паднаа во шестиот ининг при што Тампа Беј поведе преку хоум-ранот на Хозе Сири.
Веднаш потоа, домаќините направија пресврт со хоум-ранот на Хозе Рамирез, додека на базите беше Амед Росарио.
Важен фактор за триумфот на Гардијанс беше стартниот фрлач Шејн Бибер, кој освои осум страјк-аути.