Мелбурн Демонс останаа на првото место на табелата, откако во увертирата на дванаесеттото коло ги совладаа третопласираните Бризбејн Лионс со (14.13) 97-75 (11.9).
После првите две четвртини, ,,Лавовите” имаа максимална предност од +20 и се стремеа кон нанесување на вториот овосезонски пораз на Мелбурн.
Сепак, домаќините се разиграа во второто полувреме, кое го добија со вкупни (9.9) 63-21 (3.3).
Најефикасен играч на мечот беше Зек Бејли од губитничкиот состав со учинок од (4.0), односно од 24 поени.
На спротивната страна, хет-трик постигнаа двајца фудбалери – Кајсеа Пикет (3.3) и Том МекДоналд (3.2).