
Екипата на Ипсвич Таун, која направи огромни реформи во текот на последниот трансфер-период, конечно почна да ги оправдува очекувањата.
После осум одиграни натпревари, популарните ,,Трактор Бојс” имаа само седум поени на своето конто и се наоѓаа во ,,црвената” зона.
Во јубилејното десетто коло од новата Лиг 1 сезона, момците на Пол Кук ги поразија Донкастер Роверс со убедливи 6-0 и скокнаа на деветнаесеттото место на табелата.
За гостите, ова беше седми пораз во сезоната, кој ги остави на актуелните четири бодови, односно на самото дно на табелата.
За Ипсвич, на денешниот меч, хет-трик запиша засилувањето од Виган, Ли Еванс (31′, 70′, 76′), кој воедно ги постигна и првите голови во својата нова средина.
Освен Велшанецот, двапати стрелаше Мекоули Бон (13′, 72′), кој со седум погодоци го дели второто место на листата на стрелците.
Во 80. минута, поранешниот дефанзивец на Дерби Каунти и на Глазгов Ренџерс, Џорџ Едмундсон, исто така го запиша својот прв гол за Ипсвич и воедно го постави конечниот резултат.