
По серијата од четири порази, Бруклин Нетс поврзаа четири триумфи, откако синоќа ги надиграа Орландо Меџик со 108-150.
Нетс одиграа неверојатна партија во нападот, која беше крунисана со нов рекорд на франшизата за најмногу поени постигнати на полувремето (86).
Главен протагонист во победата беше Кајри Ирвинг, кој со 60 постигнати кошеви стана најефикасен играч на еден натпревар во клупската историја.
Втор стрелец во победничкиот состав беше Кевин Дурент со 19 кошеви, а дабл-дабл запиша Ник Клакстон (12 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, најрасположени во офанзивата беа Кол Ентони и Вендел Картер со 19, односно со 18 поени.
Во Источната конференција, Нетс (36-33) го заземаат осмото место, додека Меџик (18-52) се наоѓаат на самото дно.