
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Торонто Мејпл Лифс ги поразија Далас Старс со 4-0 за првпат после точно четири години на домашен терен.
Торонто беше подобар состав во текот на мечот и успеа да постигне по два погодоци во првата и во третата третина.
Стрелци за составот од Канада беа четири различни хокеари, односно Расмус Сандин, Џон Таварес, Ондреј Касе и Илја Михејев.
Со исклучок на голгетерите, важен елемент беше и голманот Ерик Калгрен, кој со 35/35 одбранети шутеви дојде до орвиот шут-аут во НХЛ на само вториот настап.
Во Западната конференција, Далас го зазема десеттото место, додека Торонто ја држи четвртата позиција на Истокот.