
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, ЛА Кингс загубија со 2-3 од Колорадо Аваланш и на тој начин се збогуваа со овосезонскиот плејоф.
На мечот, уште во третата минута, Брендан Лемиу им донесе предност на Кингс, но само три минути подоцна, Мико Рантанен израмни на 1-1 за Колорадо.
Аваланш ја стекнаа капиталната предност во втората третина, кога Тајсон Јост и Кејл Макар зголемија на 1-3.
Во третиот период, Кингс, иако упатија само седум шутеви кон голот на Филип Грубауер, успеаја да намалат на 2-3 преку Габриел Виларди, кој воедно го постави и конечниот резултат.
На табелата на Западната дивизија, Колорадо го зазема второто место, додека ЛА Кингс се шести, но со девет бодови заостаток во однос на четвртопласираните Ст. Луис Блус на четири натпревари до крајот на регуларната сезона.



