Во околината на езерото Баноје, Русија, беше одржано првото натпреварување во паралелен велеслалом од новата сезона на Светскиот куп во сноуборд.
Кај дамите, Софија Надиршина, на домашен терен, стигна до победата против својата најголема ривалка, Рамона Терезија Хофмајстер (+0,90).
Во малото финале, Каролин Лангенхорст избори двоен подиум за Германија, откако во финишот ја претекна Јулија Духмовиц (+0,03).
Во машка конкуренција, изненадувачки до првиот триумф во кариерата стигна Кореецот Сангхо Ли, кој во финалето го порази Германецот Штефан Баумајстер.
Баумајстер, иако не ја заврши трката поради промашена капија, успеа да дојде до јубилејниот десетти подиум.
Во битката за третото место, Андреј Соболев освои бронза, победувајќи го Италијанецот Мирко Феличети.