
Сè до синоќа, Милвоки Бруерс ја имаа најдобрата серија во МЛБ, која броеше дури единаесет врзани триумфи.
Сепак, истата беше прекината од неочекуван противник, односно од Питсбург Пиратес, кои имаа шест последователни порази.
Имено, ,,Пиратите” синоќа славеа со 2-0 и ги лимитираа Бруерс на нула поени за првпат после 19 мај, кога загубија од Канзас Сити Ројалс со истиот резултат.
Екипата на Питсбург поведе уште во првиот ининг со хоум-ранот на Кевин Њуман, а своето водство го удвои во шестиот период, кога четири бази освои Бен Гамел.
Во Националната лига, Пиратес (30-53) и понатаму останаа на претпоследната позиција, додека Бруерс (51-34) се наоѓаат на третото место.