Италија – Шпанија, вечер со почеток од 21 часот е првата полуфинална пресметка на Европското првенство која ќе го даде и првиот финалист.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини изјави:
„Ова ќе биде исклучително тежок натпревар, Шпанија е сосема поинаква од Белгија, а ние ќе се соочиме со повеќе потешкотии на теренот, слични на оние со кои се соочивме против Австрија, поради нивната агресивност, како и тоа дека беше прв меч во нокаут фазата. Воопшто нема да биде лесно, потребни ни се одлични перформанси, Шпанија има тим од висок калибар, а ние сме во полуфиналето, нема да биде воопшто лесно“