Кошаркарите на Денвер Нагетс, по воведниот пораз, синоќа успеаја да ја израмнат четврт-финалната серија на 1-1 со победата од 101-110 над Лос Анџелес Клиперс.
Нагетс имаа резултатска позитива во текот на цел натпревар, а предноста, во неколку наврати, изнесуваше и над дваесет поени.
Најзаслужни за оваа победа се Џамал Мареј и Никола Јокиќ, кои со 27 и 26 поени беа најефикасни кошаркари на паркетот. На овие поени, Јокиќ додаде и 18 скокови за солиден дабл-дабл учинок.
Кај Клиперс, Пол Џорџ, со 22 поени, беше најпрецизен на овој меч.