Стопроцентниот почеток на новата НХЛ сезона на актуелните вицешампиони, Далас Старс, синоќа беше прекинат од Каролина Хурикејнс, кои ја запишаа третата врзана победа.
Имено, ,,Ураганот” ги потопи ,,Ѕвездите” со резултат од 4-1, пред сè, стекнат по првите две третини.
Во првиот дел, Винсент Трочек двапати ја затресе мрежата на Антон Худобин, а во втората третина, по еден ,,пауер-плеј” погодок постигнаа Андреј Свечников и Рајан Ѕингел.
При резултат од 4-0, Худобин ја напушти својата мрежа и на негово место застана Џејк Отингер. Американецот успеа да ги запре противничките хокеари, а Џоу Павелски, во третата третина, го постави конечниот резултат.
После меѓусебниот меч, двете екипи имаат по осум поени од пет одиграни натпревари и ги заземаат четвртата и петтата позиција во Централната дивизија.
📸 AP Photo/Karl B DeBlaker