Торонто Рапторс и Лос Анџелес Лејкерс ги одмерија силите синоќа во Орландо во рамките на регуларната НБА сезона. До победата стигна канадскиот тим и актуелниот шампион со резултат од 107-92. Имено, За Торонто, ова беше вкупно дванаесетта победа над ЛА Лејкерс во низа. Последната победа на Лејкерс над синоќешниот ривал датира од 1 декември 2014 кога, после продолженија, остварија победа од 129-122.
Најефикасен играч на последниот меч беше Американецот Кајл Лаури (Торонто) со негови највисоки постигнати триесет и три поени, а притоа додаде уште четиринаесет скокови и шест асистенции. Од Лејкерс, единствен дабл-дабл играч беше ЛеБрон Џејмс со дваесет поени, десет скокови и пет асистенции.
Лејкерс и покрај поразот остануваат на првата позиција на западот со учинок од 50-15, додека Торонто, со 47-18, е второпласиран на истокот, веднаш зад Милвоки Бакс.