Олдам Атлетик е првиот тим, кој од играње во Премиер лигата (1992/93 и 1993/94), доживеа релегација во петтиот ранг на англискиот фудбал.
Имено, Олдам, со поразот од Салфорд од 1-2 во 44. коло на Лиг 2, ги загуби математичките шанси за опстанок и за првпат во својата историја ги напушти професионалните лиги.
Конечниот резултат на мечот беше поставен во првото полувреме, кога за гостите стрелаа Мет Смит (8′) и Томас-Асанте Брендон (45+3′), а за домаќините погоди Дејвис Кејлор-Дан (33′ од пенал).
На десет минути пред крајот, навивачите на ,,Баундери Парк” влегоа на теренот во знак на протест и го прекинаа натпреварот.
После подолга пауза, истиот беше довршен пред празни трибини без резултатски промени.
Олдам Атлетик има големи проблеми со сопственикот Абдалах Лесмагам, кој, откако е на функција во последните четири години, смени десет тренери.
Во овој интервал, ,,Утките” запишаа 53 победи, 56 ремија и 81 пораз на 190 средби и притоа доживеаја две релегации од третата до петтата дивизија.
Освен Олдам, после цели 75 години, во петтата лига отпадна и Сканторп Јунајтед.