Во рамките на саботната МЛБ програма, Чикаго Кабс ја остварија најубедливата победа во својата историја, поразувајќи ги Питсбург Пиратес со 21-0.
Домаќините доминираа во сите девет ининзи, но не постигнаа поени само во третиот и во шестиот период.
Од победничките редови, хоум-ран постигна само Алфонсо Ривас, а по четири бази освоија Сеија Сузуки (х3), Нико Хернер, Рафаел Ортега, Вилсон Контрерас (х3), Иан Хап (х3), Патрик Висдом (х2), Џонатан Виљар (х3), Џејсон Хејвард (х3) и Мајкл Хермосиљо.
Во Националната лига, двете екипи имаат учинок од 7-8 и го делат осмото место заедно со актуелните шампиони – Атланта Брејвс.