Форест Грин Роверс е првиот тим во оваа сезона, кој избори промоција од Лиг 2 во Лиг 1 за првпат во својата историја.
Форест Грин е клуб што потекнува од местото Неилсворт, Глостершир, кое брои нешто помалку од пет илјади жители.
Станува збор за целосно еколошки и вегански клуб, кој е во сопственост на Дејл Винс – човекот што се залага за заштита на животната средина преку својата компанија ,,Екотрисити”.
Винс направи историски подвиг со ,,Шумарите” уште во сезоната 2016/17, кога после деветнаесет години во Националната лига, преку плејоф влезе во англискиот професионален фудбал за првпат во историјата.
Во вчерашното четириесет и четврто коло, Форест Грин ремизираше со 0-0 против Бристол Роверс, а освоениот бод беше доволен за задржување на првата позиција на две рунди пред крајот.