Во првиот денешен меч од четвртото коло на НРЛ, Саут Сиднеј Рабитохс ги декласираа Кантербери Булдогс со 0-38.
Откако постигнаа шеснаесет поени во првото коло против Њукасл Најтс, Булдогс врзаа три натпревари во низа без ниеден поен.
Имено, денес Рабитохс го добија првото полувреме со 0-14, а второто со 0-24 за да дојдат до конечниот резултат.
Од победничкиот состав, двапати есеј постигна Коди Вокер (30′, 54′), а по еднаш во листата на поентерите се запишаа Џош Мансур (17′), Алекс Џонстон (59′), Латрел Митчел (71′) и Адам Рејнолдс (79′).
Освен полагањето, Рејнолдс ги погоди сите шест конверзии, заедно со уште еден пенал.
На табелата, на средината на четвртото коло, Саут Сиднеј го држи второто, а Кантербери – претпоследното место.
📸 Cameron Spencer/Getty Images



