
За првпат после 363 дена, Наполи не успеа да постигне погодок на својот стадион ,,Диего Армандо Марадона”.
Имено, во првиот меч од дваесет и петтото коло на италијанската Серија А, ,,Аѕурите” претрпеа минимален пораз од 0-1 од Лацио.
Иако избраниците на Лучано Спалети ја имаа контролата во свој посед, сепак не успеаја да ја затресат мрежата на Иван Проведел.
Од друга страна, претставниците на Рим дојдоа до трите бода со евроголот на Матијас Весино (67′), кој се запиша во листата на стрелците по вторпат сезонава.
Четири минути после примениот погодок, во игра, на местото на Замбо Ангиса, влезе Елиф Елмас, кој до крајот заработи само жолт картон.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Лацио изби на второто место на табелата, додека Наполи остана на лидерската позиција.