
Пред неполн месец, ирските шампиони, Шамрок Роверс, го загубија Супер купот од Дери Сити со 2-0.
,,Детелинките” влегоа во новата сезона со две ремија во првите две кола, а во третата рунда повторно загубија од претставниците на Северна Ирска со 1-2.
После три одиграни средби, Роверс го држат претпоследното место и се единствен тим без победа, заедно со најголемиот кандидат за релегација – УК Даблин.
Од друга страна, Дери има седум поени и се наоѓа на лидерската позиција.
На меѓусебниот дуел, ,,Црвено-белите” поведоа во почетната фаза преку Бен Дохерти (18′), но до доаѓањето на паузата, Џони Кени (27′) израмни на 1-1.
Во второто полувреме, конечен триумф на гостинскиот состав му донесе Џејми МекГонигл (54′) со првиот овосезонски погодок.