
Со денешната победа од 7-1 над Динамо Рига, Барис Нур-Султан дојде до најголемиот меѓусебен триумф, откако двете екипи се натпреваруваат во КХЛ.
После првите две третини, Казахстанците водеа со солидни 3-1, но ефикасноста (36,36%) во третиот период беше пресуден фактор.
По двапати за домашниот состав стрелаа Роман Старченко и Никита Михаилис, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Роман Савченко, Антон Сагадејев и Јакоб Берглунд.
Од друга страна, единствен голгетер за тимот од летонската престолнина беше Мартинш Карсумс во вториот дел.
Во моментот, Динамо го зазема последното место во Западната конференција, додека Барис е осми на Истокот.




