Во досегашниот тек од јубилејната седумдесетта Новогодишна турнеја во ски скокови, со исклучок на квалификациите во Гармиш-Партенкирхен, сите натпреварувања ги доби Рјоју Кобајаши.
Таков беше и случајот на денешните квалификации во Инсбрук, каде што Јапонецот славеше со скокот од 126,5 метри.
Австриецот Јан Херл беше најдобар домашен скокач на второто место, а како третопласиран заврши Килијан Пајер.
Зад Швајцарецот, во топ 10, се најдоа Даниел Хубер, Ловро Кос, Зеверин Фројнд, Јукија Сато, Маркус Ајзенбихлер, Анже Ланишек и Карл Гајгер.
Од натпреварувачите што не ги оправдаа очекувањата се издвојуваат Камил Штох, Михаел Хајбок, Кеичи Сато и Јохан Андре Форфанг, кои не изборија пласман во првата серија.