Со синоќешната победа од 4-0, Њујорк Ренџерс дојдоа до третиот триумф на последните четири пресметки против Тампа Беј Лајтнинг.
Актуелните шампиони доминираа на мечот и упатија 38 шутеви, но стопроцентен на голот на ,,Ренџерите” беше Игор Шестјоркин.
Русинот го одигра својот дваесет и втор натпревар во сезоната и дојде до вториот овосезонски шут-аут, односно четврт во НХЛ.
Хет-трик за домашниот состав запиша вториот најдобар стрелец во тимот, Мика Зибанеџад (осми хет-трик во кариерата), додека Крис Крајдер имаше три асистенции.
Освен Швеѓанецот, во листата на стрелците се запиша уште Рајан Сторм во првата третина.
И покрај поразот, Тампа Беј остана на второто место на Истокот, додека Ренџерс ја држат петтата позиција.




