Во седумнаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Голд Коуст Санс ја запишаа една од најголемите победи во својата кратка историја.
Имено, ,,Светците” ги поразија Ричмонд Тигерс со (14.10) 94-92 (13.14) и се во огромна можност да изборат плејоф за првпат од своето постоење.
На табелата, со учинок од 8-8, Голд Коуст стои на единаесеттото место со само една победа помалку од денешните ривали, кои се на осмата позиција.
Во третата четвртина, домаќините губеа и со максимални четириесет поени разлика, но успеаја да го комплетираат пресвртот преку голот на вториот пик од драфтот во 2019, Ноа Андерсон, после звукот на сирената.
Ричмонд направи навидум недостижно водство во втората четвртина, добиена со 29-7, но накрај скапо ги плати промашените шанси на Џејсон Кастања, на Џејк Артс и на Морис Риоли.
Горенаведениот Андерсон (2.0) беше трет стрелец на Голд Коуст на денешниот меч, а поефикасни од него беа Бен Ејнсворт (2.1) и Мабиор Чол (3.2).
Од друга страна, кај Ричмонд, најрасположени во офанзивата беа Ноа Кумберланд (2.3), Џек Риволдт (3.0) и Шеј Болтон (3.3).