
Ст. Луис Кардиналс се наоѓаат во негативна серија, односно во досегашниот тек на јули, запишаа шест порази и само две победи.
Синоќа, вториот најуспешен тим во историјата на МЛБ загуби од Филаделфија Филис на домашен терен со 0-2.
Херој за победничкиот состав беше Алек Бом, кој постигна два хоум-рани, односно по еден во шестиот и во осмиот ининг.
Во Националната лига, Филаделфија (45-39) го презеде шестото место од Ст. Луис (45-41) и го спушти на седмата позиција.