
Деветтото коло од НФЛ беше отворено со спектакуларната напаѓачка пресметка помеѓу Индијанаполис Колтс и Њујорк Џетс, која заврши со 45-30 во корист на домаќините од Индијана.
Иако беше 7-7 после првата четвртина, заклучно со средишниот дел на третиот квартал, Колтс стекнаа капитална предност од дури 42-10.
Во оваа серија, ранинг бекот Џонатан Тејлор забележа два тачдауни и освои 172 јарди со трчање, а едното негово поентирање беше најдалечно во тековната сезона (78 јарди).
Фантастичната игра со трчање, со тачдаун ја дополни и Нахим Хајнс, а по едно полагање со фаќање имаа Мајкл Питман, Џек Дојл и Дени Пинтер (единствено фаќање во кариерата).
Квотербекот на Колтс, Карсон Вентц, го заврши дуелот со три уфрлени тачдауни и со 272 освоени јарди од 22/30 прецизни обиди.
Што се однесува до Џетс, тие направија серија од 20-3 во завршницата и постигнаа 30+ поени по вторпат во низа (претходно немаа таков напаѓачки учинок цели 27 мечеви).
Причина за ова се резервниот квотербек Мајк Вајт (7/11 додавања за 95 јарди и еден тачдаун), кој поради повреда беше заменет со неговата резерва, односно Џош Џонсон (317 јарди со додавање од 27/41 обиди, три тачдауни и еден пресечен пас).
Џетс, за разлика од Колтс, повеќе ја форсираа играта преку воздух, која им ги донесе сите четири тачдауни преку Елајџа Мур (х2), Тај Џонсон и Рајан Грифин.
Во Американската конференција, Индијанаполис (4-5) го зазема дванаесеттото, а Џетс (2-6) – тринаесеттото место.
Во соработка со НФЛ Македонија



