Њу Орлеанс Пеликанс им го нанесоа третиот пораз во низа на Оклахома Сити Тандер, откако синоќа славеа со 110-113.
Оклахома водеше во поголемиот дел од мечот, но резултатот беше неизвесен сè до самиот крај.
На две секунди пред крајот, Шеј Гилџус-Александер погоди нереална тројка за израмнување во корист на Тандер, која воедно го однесе до 33. поен на мечот како најефикасен поединец од својот тим.
Сепак, радоста на домашната публика траеше само неколку секунди бидејќи Девонте Греам го погоди најдалечниот кош во сезоната со звукот на сирената и им донесе победа на Пеликанс.
Од составот на Њу Орлеанс, освен Греам, најкорисни играчи беа Брендон Инграм (34 поени) и Јонас Валанчиунас (19 поени и 16 скокови).
На Западот, Пеликанс (9-21), во директен дуел, избија на претпоследната позиција, спуштајќи ги Тандер (8-19) на самото дно.