
Сакраменто Кингс, иако важеа за благи аутсајдери, ги поразија Вашингтон Визардс со 119-105.
После три четвртини игра, Визардс имаа константна резултатска позитива, но Кингс дојдоа до вториот триумф на последните пет средби со серијата од 35-16 во последниот квартал.
Од гостинскиот состав, Бредли Бил беше најефикасен со 30 поени, а уште 15 додаде деветтиот пик на драфтот – Дени Авдија.
Кај Кингс, најзаслужни за победата беа Де’Арон Фокс и Херисон Барнс со 28, односно со 19 поени.
Во Западната конференција, Сакраменто (12-17) го зазема десеттото место, додека Вашингтон (15-14) е осми на Истокот.