Во првото коло од новата сезона во Лига Европа, бевме сведоци на историски момент.
Имено, Ренџерс триумфираа над Ст. Лиеж, на гостински терен, со резултат од 0-2.
Стрелец на првиот погодок беше капитенот Џејмс Таверниер од пенал во 19. минута.
Вториот гол падна дури во последните секунди од мечот, а истиот беше дело на поранешниот соиграч на Алиоски во Лидс и новото засилување за Стивен Џерард – Кемар Руф.
Англичанецот, кој дојде во Глазгов од редовите на Андерлехт, го постигна најдалечниот погодок во историјата на Лига Европа – 54,6 јарди, односно 49,9 метри.