Ракометарите на Вардар вечерва ремизираа 25-25 на домашен терен против Порто во третиот меч од Лигата на Шампионите. Дибиров погоди за 24-24 и драма во последните 2 минути. Ристовски на минута пред крајот ја забележа 18 одбрана, додека со прекрасна финта Чупиќ даде гол за 25-24. Во последниот напад Порто со гол во последната секунда се избори за реми.
Најдобар кај Вардар беше Борко Ристовски со 18 интервенции (40,91 %) и 4 гола, додека Иван Чупиќ постигна 7 погодоци. Кај Порто, Итуриза постигна 7 гола, додека Митревски имаше 11 одбрани ( 35,48%)