
Во премиерниот меч од деветнаесеттото коло на АФЛ, Колингвуд Мегпајс го запишаа четвртиот пораз на последните пет средби.
Имено, ,,Страчките” загубија со (14.13) 97-69 (10.9) на гостински терен од фаворизираните Порт Аделаид Пауер.
Колингвуд солидно го започна мечот и во поголемиот дел од првите триесет минути игра ја имаше предноста на своја страна.
Сепак, во втората половина на втората четвртина, Пауер направија серија од 27-0 и во продолжение само дополнително ја зголемуваа разликата.
Од поразениот состав, поентерски најрасположени беа Брејди Мајочек (3.3) и Оливер Хенри (2.3).
На спротивната страна, најефикасен беше Чарли Диксон (4.3), а во нападот се истакнаа уште Тод Маршал (3.0) и Питер Ледамс (2.0).
На табелата, Порт Аделаид е релативно сигурен за влез во плејоф со тоа што се наоѓа на четвртото место, додека Колингвуд е петнаесетти со само теоретски шанси за доигрување.