петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Холивудските ѕвезди вложуваат во Рексам: Доведен рекордниот голгетер на Лиг 2

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 23, 2021
📁 Спорт, Фудбал
📸 Tony Marshall/Getty Images

Откако од ноември 2020 беше откупена од холивудските ѕвезди, Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлени, екипата на Рексам цели кон високи успеси.

Рексам се наоѓа во Велс, но се натпреварува во англиската Национална Лига од каде што мечтае за промоција и за враќање во Лиг 2 за првпат после 2008.

Најпрво, актерите го доведоа на кормилото искусниот Фил Паркинсон, кој само една година претходно го предводеше Сандерленд во Лиг 1.

Денес, Велшаните ја најавија новата трансфер-бомба, односно за главен играч во нападот го назначија Пол Малин.

Минатата сезона, Малин беше дел од Кембриџ Јунајтед и во дресот на клубот од универзитетскиот град одигра 46 лигашки натпревари.

Во тој интервал, Англичанецот постигна неверојатни 32 погодоци, кои не само што му ја донесоа златната копачка во четвртата лига, туку претставуваат и рекорд по бројот на постигнати голови во оваа дивизија.

Исто така, Малин стана и првиот фудбалер во историјата на Кембриџ Јунајтед, кој постигнал 32 голови во една сезона.

Сепак, 26-годишниот напаѓач, на 28 јули одби да потпише нов договор со Јунајтед и како слободен играч се пресели во Велс.

Малин и Рексам најавија тригодишна соработка и покрај тоа што англискиот фудбалер беше мета на бројни третолигаши од кои најголем фаворит беше Чарлтон.

Во својата сениорска кариера, Малин настапуваше за неколку екипи (Хадерсфилд, Вауксхал Моторс, Моркамб, Свиндон и Транмер), но никогаш не го покажа својот потенцијал, кој го криеше сè до минатата сезона.

SIGNED | Wrexham Sign League Two Player of the Season, Paul Mullin, on a three-year deal.

Welcome to Wrexham, Paul!

🔴⚪️ #WxmAFC

— Wrexham AFC (@Wrexham_AFC) July 23, 2021
Tags: англијаМалинНешонал ЛигРексамФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Надежите за плејоф паднаа во вода: Колингвуд поразен од Порт Аделаид

Следна вест

Кадетите минимално, но славеа повторно против Италија

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс
Останато

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

✏️ Епов Насе
24/Мар/2023
(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот
Останато

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години
Останато

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето
Останато

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
Следна вест
Селекторот Лазаров со М19 репрезентацијата ќе одиграат контроли со Италија

Кадетите минимално, но славеа повторно против Италија

Последно

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.