Најуспешните македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, утре ќе ја делат правдата на натпреварот помеѓу Португалија и Египет.
Натпреварот ќе се игра на Јоуџи Националната Арена на 24 Јули со почеток во 19:30 часот.
Македонските судии со своето искуство и квалитет неслучајно се најдоја на овие Олимписки игри во Токио каде што со веќе докажаните резултати од нивното носење на правдата се наоѓаат на сите големи ракометни митинзи ширум светот, како Лигата на Шампионите, Европското и Светско првенство и сега на олимписките натпревари.
Меѓународниот ЕХФ судија, Славе Николов е назначен за нов комесар за натпреварување на Ракометната Федерација на Македонија. Тој го смени Камел Металари на оваа функцијата по шест години работа.
Николов ја започна својата нова функција од стартот на сезоната 2020/21.
Славе Николов заедно со Начевски се најдобар судиски пар во нашата земја и меѓу најдобрите во Европа. Двајцата беа избрани за најдобар судиски пар во Европа за 2017 година.
