
За првпат после сезоната 1992/93, Монтреал Канадиенс успеаја да се пласираат во финалето на НХЛ.
Канадските претставници, во овосезонското полуфинале ги поразија фаворизираните Вегас Голден Најтс со вкупни 4-2.
Шестиот дуел од меѓусебната фаза беше одигран синоќа во Монтреал, каде што домаќините триумфираа со 3-2 после продолжение.
Ова беше вкупно шесто продолжение во тековниот плејоф за Канадиенс, кои дојдоа до петтата победа. Единствениот пораз го доживеаја токму од Вегас пред четири дена.
Во регуларниот дел од мечот, Канадиенс двапати успеваа да поведат преку Шеј Вебер и преку Кол Кофилд.
На спротивната страна, за Голден Најтс, двапати израмнија Рајли Смит и Алек Мартинез.
Во дополнителниот период беа одиграни само 99 секунди бидејќи пласман во финалето на Монтреал му донесе Финецот Артури Лехконен.
За титулата, Канадиенс ќе се борат против победникот од ,,мајсторката” помеѓу Тампа Беј Лајтнинг и Њујорк Ајландерс.