
Со синоќешната победа од 106-92, ЛА Клиперс намалија на вкупни 2-1 во меѓусебната полуфинална серија против Феникс Санс.
Првото полувреме од натпреварот беше релативно изедначено, а во второто, домаќините од Лос Анџелес ја стекнаа капиталната предност.
Пол Џорџ (Клиперс) беше најефикасен од сите со 27 поени и со 15 асистенции.
Од соиграчите, се истакна Реџи Џексон со 23 кошеви и Ивица Зубац со дабл-дабл учинок од 15 кошеви и од 16 скокови.
Кај Санс, две двоцифрени статистики имаше само Крис Пол (15 поени и 12 асистенции), додека најпрецизен со 18 поени беше Деандре Ејтон.