
По вторпат во тековната полуфинална серија, Вегас Голден Најтс не го користат домашниот терен.
Имено, синоќа, претставниците на Невада загубија со 1-4 од Монтреал Канадиенс, кои поведоа со вкупни 3-2.
Веќе после две третини, Канадиенс водеа со убедливи 0-3, откако прецизно стрелаа Јеспери Котканиеми, Ерик Стаал и Кол Кофилд.
На почетокот на третиот дел, Макс Пачорети намали на 1-3 за Вегас, а во последната минута, Ник Сузуки погоди на празен гол за поставување на конечниот резултат.
Солиден помеѓу стативите на Монтреал беше голманот Кери Прајс, кој одбрани 26/27 противнички удари (96,3%).



